Антифризот е подеднакво неопходен и во лето и во зима, во текот на летото спречува прегревање и испарување на течноста за ладење на моторот, додека во зима ја намалува точката на замрзнување, а содржи и антикорозивни својства.
Затоа е важно да се избере квалитетен антифриз како што е линијата на антифриз Pantherol, кој ефикасно помага во заштитата на компонентите на моторот од замрзнување и прегревање, регулирајќи ги температурите за да го заштити моторот од оштетување и да ги зачува неговите перформанси во топло или екстремно ладно време.
Бидејќи содржат антикорозивни својства, тие ги штитат металните делови на радијаторот и моторот, но исто така спречуваат формирање и таложење на бигор и во исто време го подмачкуваат системот за ладење. Исто така, антифризот Pantherol не содржи нитриди, амини и фосфати, ги исполнува актуелните барања на бројни производители на оригинална опрема (OEM) и е исклучително зајакнат со органски и силикатни технологии (SI-OAT течност за ладење). Производите од оваа линија се достапни како концентрирана течност или како течност за готова смеса што е веднаш подготвена за употреба.